Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за неколку Нацрт – детални урбанистички планови : Нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1 кој е во границите на улиците:„Св.Климент Охридски“, „Климентов Универзитет“ и ул.„Петар Чауле“. Нацрт – ДУП за с.Пештани од блок 1 до блок 18,  кој е во границите на с.Пештани до хотел „Десарет“. Нацрт – ДУП за УЗ 9 и УЗ 13, УБ 9.3 и УБ 13.2  кој е во границите на улиците: „7-ми Ноември“, „Егејска“ и „Кленоец“. Нацрт-ДУП за УЗ 2,УБ 2.4 опфат 2 во границите на улиците: „Кеј Маршал Тито“ ул. „8-ми Март“ ул.„Партизанска“ ул.„Славеј планина“ и катастарски парцели на дел од западната страна. Нацрт-ДУП за УЗ 2,УБ 2.3 опфат 2 на улиците: „Булевар Македонски Просветители“ и „Даме Груев“ и Нацрт-ДУП за УЗ 2,УБ 2.3 опфат 3 во границите на улиците:„Булевар Туристичка“,ул.„Даме Груев“ и новопланирана улица според ДУП.

Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот ќе трае од 27.09.2010 година заклучно со 11.10.2010 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 30.09.2010 година, со почеток во 12 часот.

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица, Нацрт планот ќе биде истакнат во холот пред големата сала на општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки може да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општина Охрид.

OhridNews