Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за локална урбанистичко планска документација за проект „Купи куќа за млади“, КО Охрид 4, Општина Охрид, со техн.бр. L3016 од октомври 2022 год. изработен од Агенција за планирање на просторот- Скопје.
Јавната анкета, како што се посочува во соопштението ќе трае од 26 април до 4 мај 2023 година.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на Општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13.00 до 15.00 часот во просториите на Општина Охрид во времетраење на јавната анкета. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата, потенцираат од Општина Охрид.
Додаваат дека јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на ден 02.05.2023 год. со почеток во 10:00 часот.
OhridNews