Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за Детален урбанистички план за урбана заедница 1, дел од УБ 1.4 – опфат 1, општина Охрид нацрт план 2015 – 2020. Поточно, дел од урбана заедница 1 кој се граничи со улиците: „Пирин Планина“, „Абас Емин“, „Гоце Делчев“ и Булевар „Туристичка“.  

Јавната анкета ќе трае од 27.10.2015 до 09.11.2015 год., а јавната презентација ќе се одржи во голема сала на општина Охрид на ден 02.11.2015 год. (понеделник) со почеток во 12:00 часот.

Поради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. За заинтересираните граѓани, стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14:00 до 16:00 часот во просториите на општина Охрид.

Граѓаните и правните лица своите предлози и забелешки ќе може да ги достават на анкетни листови до надлежниот орган.

OhridNews