Во тек е јавна анкета и јавна презентација за  Нацрт – ЛУПД за Туристички комплекс „Свети Стефан“ на кп.2432 и други, КО Коњско општина Охрид 2010-2015. Просторот на планскиот опфат во Нацрт – ЛУПД за Туристички комплекс „Свети Стефан“ на кп.2432 и други, КО Коњско општина Охрид 2010-2015 е во границите на регионалниот пат Охрид-Св.Наум и КП.2434, 2450,2354.

Јавната анкета и јавната презентација  за  Нацрт планот  започна вчера и ќе трае заклучно со 05.11.2010 година. Јавната презентација   ќе се одржи во големата сала на општина Охрид  на ден 03.11.2010 год. со почеток во 11 часот .

Се организира и јавна анкета и јавна презентација за  Нацрт – ЛУПД за ГП 1,на КП 2491/1 КО Лескоец, општина Охрид 2010-2015. Просторот на планскиот опфат во Нацрт – ЛУПД за ГП 1,на КП 2491/1 КО Лескоец, општина Охрид 2010-2015,е во границите на КП.2491/1-нов број или 983/5-стар број КО Лескоец општина Охрид. Јавната анкета и јавната презентација  за  Нацрт планот  трае од 01.11.2010 година заклучно со 05.11.2010 година. Јавната презентација   ќе се одржи во големата сала на општина Охрид  на ден 03.11.2010 год. со почеток во 12 часот .

Јавна анкета и јавна презентација се организира и за  Нацрт – ЛУПД за ГП 1.29 во УЗ 8,УБ 8.3 на КП 6670/1 и дел од КП 7219/2 КО Охрид општина Охрид 2010-2015. Просторот на планскиот опфат во Нацрт – ЛУПД за ГП 1.29 во УЗ 8,УБ 8.3 на КП 6670/1 и дел од КП 7219/2 КО Охрид општина Охрид 2010-2015 е дефинирана со следните граници: од исток КП.6670/4,  од север КП 6670/4, од запад КП. 6670/4 и КП 7219/2 и од југ КП 7219/2 и КП 6670/4. Јавната анкета и јавната презентација  за  Нацрт планот  трае од 01.11.2010 година заклучно со 05.11.2010 година. Јавната презентација   ќе се одржи во големата сала на општина Охрид  на ден 03.11.2010 год. со почеток во 13 часот.

Се организира Јавна анкета и јавна презентација за  Нацрт – ЛУПД за ГП 1.34 , на КП 6654/2 , 6654/7 и др. – стари броеви (дел од КП 5568 , 5569/1 , 5570/1  и др.- нови броеви)  во УЗ 8 , УБ 8.3 – Ко Охрид , Општина  Охрид –  2010-2015.  Просторот на планскиот опфат во Нацрт – ЛУПД за ГП 1.34, на КП 6654/2 , 6654/7 и др. во УЗ 8 , УБ 8.3- Ко Охрид , Општина  Охрид –  2010-2015, е во границите на КП 6654/2 , 6654/7 и др. (стари броеви) или дел од КП 5568 , 5569/1 , 5570/1 и др.(нови броеви), Ко Охрид, Општина Охрид. Јавната анкета и јавната презентација  за  Нацрт планот  трае од 01.11.2010 година заклучно со 05.11.2010 година. Јавната презентација   ќе се одржи во големата сала на општина Охрид  на ден 03.11.2010 год. со почеток во 14 часот .

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на Општина Охрид  пред големата сала за состаноци.  Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општината Охрид.

Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае  јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

Ohridnews