Општина Охрид организира Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за големи угостителски единици –Б3 на КП бр.1177/2, КП бр.1177/3, КП бр. 1178/3, КП бр. 1178/4, КП бр. 1179/3 и КП бр.1179/4 во Катастарска општина Оровник.
Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во општина Охрид секој работен ден до 22-ри септември 2015 година. Јавната расправа ќе се одржи на ден 18-ти септември во малата сала на општина Охрид, со почеток во 13 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина.
OhridNews