Општина Охрид организира Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален Урбанистички план за УЗ 5, дел од УБ 5.4, КО Охрид  4, Општина Охрид.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, во oпштина Охрид секој работен ден  од 8 до 16 часот почнувајќи од 5-ти август 2015година до 3-ти септември 2015 година.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 27-ми август 2015 година во малата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на информација за јавниот увид. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина.

OhridNews