Од Локалната самоуправа информираат дека извештаите се достапни во соба бр. 56 , во Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , секој работен ден од 8 до 16 часот заклучно 05.01.2011год.
Јавната расправа ќе се одржи на 20- ти декември, во малата сала на Општина Охрид. За Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за ДУП за УЗ 9 Урбан блок 9.2, ќе започне во 10 часот, додека пак за Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за ДУП за УЗ 5 Урбан блок 5.3 ,во 11 часот .
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештаите до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози по Извештаите за стратегиска оцена на влијанието на животната средина.