Нацрт-урбанистичките планови кои Советот на општината ги утврди на последната, деветта, седница се ставени на јавен увид.

Како што можете да се информирате од соопштението кое тече на Ohridnews, Станува збор за нацрт- деталните урбанистички планови за просторите кај хотел „Дончо“; кај новата Автобуска станица; кај оранжериите во Горна Влашка Маала и просторот помеѓу историскиот Архив и трговскиот центар „Трудбеник“.

Јавната анкета трае од 20.11.2009. заклучно со 4.12.2009. година. Јавната презентација на планот кај Оранжериите во ГВМ ке се одржи на 23.11.2009.  во големата сала на општинската зграда во 12 часот; за планот кај  новата Автобуска станица на 23.11.2009. во 10 часот; за планот на просторот помегу историски архив и ТЦ „Трудбеник“ на 24.11.2009. година во 10 часот; за планот на просторот кај хотел „Дончо“ на 24.11.2009. во 12 часот.

Плановите се истакнати во холот на локалната самоуправа заради обезбедување пристапност во увидот  од страна на граѓаните и правните лица, а стручната служба дава објаснувања секој работен ден од 10-15 часот во просториите на општината.

Сите четири нацрт-детални урбанистички планови можат да се погледнат и во електтронска форма на општинскиот портал.

Ohridnews