Секторот за туризам и Локален економски равој при општина Охрид во насока на обезбедување полесен пристап до информации на потенцијалните инвеститори на територијата на општина Охрид, објави Јавен повик за доставување податоци за закуп или продажба на постојни хали и индустриски капацитети.
-Зголемената достапност на браунфилд локациите, преку процес на рекомпонирање, реструктурирање и реновирање е уште една потенцијална можност на деловните субјекти што би сакале да отпочнат или да прошират дел од бизнисот, а со тоа да придонесат и за побрз развој на општината во целина, појаснуваат од општина Охрид.
Сите заинтересирани правни и физички лица задолжително треба да достават Идентификационен формулар, Изјава за согласност за користење на доставените податоци, доказ за сопственост –имотен лист и извод од урбанистички план.
Јавниот повик ќе трае заклучно со 14-ти октомври 2015 година.
OhridNews