Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој  објави  јавен повик во рамки на програмата со која се обезбедува финансиска подршка за Млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност за Инвестиција  за модернизација на земјоделски стопанства. Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството.

Мерката за Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност е се поактуелна за млади фармери кои сакаат да отпочнат бизнис во земјоделството преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство. Подносителот на барањето треба да е од 18-40 годишна возраст.

Пополнување на барањето и изготвување на Деловниот план согласно Упатството за изготвување на деловен план и потребната документација ќе биде подготвено од страна на Советниците ( бесплатно) во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид. Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари неповратни средства.

Краен рок за пријавување за овие мерки е 31.03.2015 година.

OhridNews