Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање општина Охрид распиша Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови.

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место.

Иницијативите можат да се достават во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма. Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик ќе трае од 31-ви јули 2015 година до 31-ви август 2015 година.

OhridNews