Општина Охрид ги информира сите заинтересирани Невладини организации, здруженија на граѓани, дека за неколку општини од Македонија, меѓу кои и Охрид, преку КАРДС програмата е дадена можност со свои проекти да аплицираат за потребните финансиски средства. Со спомнатата Програма ќе се финансираат проекти од следните области.
1.Прекугранична инфраструктура и транспортна инфраструктура,
2.Економски развој и вработување – зајакнување на претприемачките активности, развој на алтернативни облици на туризам. Зајакнување и промоција на културни и туристички ресурси,човечки ресурси и промоција во вработувањето,
3.Квалитет на животот и околината- подобрување на квалитетот на животот и заштита,промоција и управување со природната средина.
Се повикуваат сите заинтересирани да ги достават своите проектни идеи до Секторот за туризам и ЛЕР на Општината-каде можат да добијат и дополнителни информации – најдоцна до 10 јануари 2007година.