Градоначалникот на општина Дебрца распиша јавен конкурс за стипендирање на најдобрите 20 ученици од основното и средното образование, жители на Дебрца, односно за 10 ученици од основното образование и 10 од средното образование. Средствата ќе изнесуваат 1000 денари месечно за 10 ученици од основното образование и 1500 денари за 10 ученици од средното образование за времетраење на учебната година, односно 9 месеци.

Учениците од  прво до осмо по стара, односно учениците од прво до деветто одделение по нова образовна програма, треба да имаат одличен успех и да покажале примерно поведение. Учениците од прва до трета односно од прва до четврта година од средно образование да имаат одличен успех и да покажале примерно поведение. Дополнително ќе се вреднуваат учениците кои се наградувани по било кој основ на меѓуопштински, регионални и други натпревари.

Јавниот конкурс трае пет дена од денот на објавување. Изборот на ученици кои ќе добијат стипендии ќе го врши комисија составена од тројца членови- двајца од локалната самоуправа  и еден наставник, професор. Известувањето за извршениот извбор ќе се достави во рок од пет дена од денот на донесувањето на одлуката за избор. Пријавите да се достават до општина Дебрца,  градоначалник село Белчишта со назнака „ за јавен конкурс“.

Некомплетни документи нема да се разгледуваат .

OhridNews