Како што пренесува српскиот весник „Блиц“, на почетокот на февруари српската влада ќе ги разгледува мерките за опоравување на националната авио- компанија. Се подготвуваат мерки за стабилизација и опоравување на ЈАТ кои би требало конечно да ја решат судбината на оваа компанија.

Според весникот, мерките кои работната група која работи по ова прашање, наскоро ќе и ги понуди на владата се однесуваат на носењето одлука – дали ЈАТ треба и понатаму да биде национален превозник или нискобуџетна компанија. Треба да се одлучи и што е најпрофитабилно за компанијата- дали е исплатливо и понатаму да се размислува за интерконтинентални летови или треба да се насочи кон пазарот во опкружувањето.

Владата треба да се изјасни и околу отпуштањето на вишокот на вработени во компанијата. Според неофицијалните информации, ЈАТ не би требало да има повеќе од 600 вработени, а во моментов во оваа компанија се запослени околу 1300 луѓе.  

OhridNews