Во Кавадарци, а не во Охрид ќе се играат натпреварите од женскиот евробаскет од Б-дивизија за кошаркарки до 20 години кој од 15 до 25 јули ќе се игра во Македонија.. Охрид беше меѓу потенцијалните градови домаќини на овај настан, но МФК за домаќин го пријави Кавадарци и салата Јасмин, стои на официјалната веб страна на Фиба Европа.


Лани, Oхрид и “Билјанини Извори“ беа домаќини на шампионатот на кој триумфираше Холандиија.

Македонија од 12 до 22 Август ќе биде домаќин и на У-16 шампионатот во женска конкуренција, а натпреварите ќе се играат во Скопје. Македонија е во групата Ц заедно со Англија, Романија и Словачка.

М.П.