Младиот талентиран пејач Јасмин Алиевски сними видеозапис за песната со која се претстави на Охридскиот фестивал во 2014-та година, а истата се најде на многу топ листи на радијата во Македонија.
Песната го носи насловот „Давам се“, а е дело на Роберто Поп Димитров (музика и аранжман) и Огнен Неделковски (текст), додека за видео приказната се погрижи Компакт продукција од Кавадарци.
– Песната е нова, но сакав да ја оживеам на еден начин со правење на квалитетен видеозапис. Беше прифатена од публиката и имаше многу позитивни реакции, па затоа долго време размислував за изработување на видеозапис. Задоволен сум како испадна целиот проект и се надевам дека на публиката ќе и се допадне, вели Јасмин.
OhridNews