Филмот во продукција на сестрите Митевски „Јас сум од Титов Велес“ на 5 -ти март во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја има својата охридска премиера. Филмот кој доби исклучително добри критики на Берлинскиот фестивал, во Охрид ќе се прикажува од 5-ти до 9-ти март во терминот од 20 часот.
„Јас сум од Титов Велес“ на 5-ти март премиерно во Охрид
„Се надевам дека охриѓани во голем број ќе дојдат да го погледнат овој филм, особено поради содржината на филмот кој ја раскажува тешката македонска транзиција“, изјави Драгана Боцевска-директор на Центарот за култура, на прес конференцијата по повод премиерата на „Јас сум од Титов Велес“ во Охрид.Покрај суровоста во филмот провејува и една нежна нота, благодарение на режисерката Теона Стругар Митевска, поради што овој филм го нарекуваат уште и женски филм, вели Боцевска.
Филмот вреди да се погледне-Драгана Боцеска
Македонската премиера на „Јас сум од Титов Велес“ се одржа во Велес, по што филмот паралелно деновиве ќе се прикажува и во Скопје, Битола и Охрид.
ohridnews