Делегацијата од националниот
радиодифузен сервис МРТ, што стои зад подготовките за настапот на 25 мај
во Осло, откри дека Танески од Македонија ќе патува со карван од
автомобили, под мотото „Една поинаква приказна“. Нивната цел е да се
промовира земјата на интересен начин.
Спотот, што беше промовиран
вчера, го изработи „Томато продукција“. Бане Поповиќ, главниот човек на
продукцијата, изјави дека идејата ја смислиле за едно деноноќие. За
креациите кои ги носат девојките, што се дел од спотот се погрижи
модното атеље „Елена Лука“.
Од МРТВ велат дека по
Велигден ќе почнат комплетните пејачки и кореографски проби, кога и
забрзано ќе почнат подготовките за настапот во Осло. Ти еинформираат
дека Танески на 9 и 10 април ќе гостува во Србија, а на 16 и 17 април ќе
се претстави пред албанската публика. Следуваат и негови настапи во
Холандија и во Германија.
фановите на Танески и на Евросонг ќе биде отворен и посебен инфо-клуб,
што ќе работи 24 часа и од каде ќе може да се добиваат информации за
подготовките, како и да се подигнуваат музички цедиња со неговите песни.
Македонскиот претставник ќе настапи 15-ти во првото полуфинале на шоуто
што од 25 до 29 мај ќе се одржи во Осло, Норвешка.