Јапонија, земја без значителни минерални извори, открива вистинско богатство во канализацијата.

Погонот за преработка на отпадот од канализацијата извлекува повеќе злато отколку што се добива од некои од најдобрите светски рудници.

Еден службеник од префектурата Нагано, северозападно од Токио, рекол дека процентот на злато добиено од погонот Суви е висок веројатно затоа што во близина има неколку фабрики  за прецизна опрема кои се служат со злато во производството. Погонот неодамна објавил дека извлекува 1890 грама злато на еден тон спален канализациски отпад.

Тоа е значително повеќе отколку што се добива злато во рудникот Хишикари, каде од тон златна руда се извлекува 20-40 грама злато.

ohridnews