Нивниот апетит за месо пораснал во 2007 година. Во извештајот на владата се наведува дека за ова е одговорна промената во начинот на живот, и фактот дека родителите знаат дека е многу побрзо да се зготви ручек со месо. Владата во Јапонија предложила супермаркетите да демонстрираат подготовка на риба за да се заштити индустријата за морски плодови.
Сепак во Јапонија се јаде риба повеќе од сите земји, иако значително опаднала потрошувачката во последнава деценија. Падот на конзумирање на морски плодови во Јапонија доаѓа во време кога во светот порасна потребата за овој вид храна.