Во морето неверојатни изуми на јапонските научници, од кои некои и немаат цел, неодамна се појавила и опашка за луѓе. Изумителот Шота Ишиватари направил прототип од опашката, која се носи на ремен со направа за мерење на пулсот. Производот наречен “Tailly” се мрда кога лицето кое го носи е добро расположено, и како што срцето забрзува, така и опашката побрзо мрда.
Ишиватари е уверен дека опашката ќе стане популарна и се надева дека наскоро ќе се продава во Велика Британија. “Tailly” е забавен за носење на забави, кога излегувате со пријателите или децата, рекол Шота. Додал дека можете да го носите и на љубовни состаноци и така да ги изразите своите вистински чувства со мафтањето на опашката. Основната опашка е со бела боја, но може да се добие и во црна, сива или смеѓа варијанта.