Јапонските истражувачи од универзитетот во Токио развиле очила за кои велат дека ќе им помогнат на луѓето да ослабат. Очилата користат компјутерска технологија која кај корисникот ствара привид дека јадат многу поголеми и повкусни оброци. Тие имаат мала вградена камера која дава зголемен приказ на храната, стварајќи погрешна перцепција во мозокот. Очилата исто така можат да го променат вкусот на храната, со помош на цевка која директно испраќа угоден мирис во носот, така да храната делува повкусно.
Новиот производ бил испитан на група волонтери кои изеле речиси 10 проценти помалку храна од оние кои не носеле очила. Професорот Мицитака Хироше, водач на проектот, изјавил дека начинот на кој ги лажеме разните сетила или начинот на кој со помош на компјутерите влиjаеме врз нив е многу важен за проучувањето на виртуелната реалност, истакнувајќи дека реалноста е во нашиот мозок. Сеуште не планираат комерцијализација на својот изум, но сакаат да истражат дали луѓето кои сакаат да ослабат можат да ги користат овие очила.