Секогаш има генијални научни умови кои ќе не изненадат, дури и кога станува збор за сладолед. Јапонски научници создадоа сладолед кој не се топи.  

Научниците дошле до ова откритие кога тестирале екстракти од полифенол додека се обидувале да направат десерт од јагоди за фармерите чии полиња биле уништени за време на земјотрес и цунами во 2011 година. За време на процесот, готвачот се изнервирал и рекол дека екстрактот предизвикал трајно замрзнување на кремот. 

„Полифенолот има својства кои го отежнуваат разделувањето  на водата и маслото, па сладолед кој ја содржи оваа супстанца може да ја задржи оригиналната форма подолго време поради тоа што потешко се топи.“, изјави професорот по фармација на универзитетот Каназава, Томихиса Ота, кој го развил сладоледот. 

Најизразената карактеристика на сладоледот е топењето. Тоа што сладоледот кој содржел екстракт  не се стопил дури и после неколку часа стоење на собна температура ни дава можност во иднина да не брзаме да го изедеме сладоледот пред да се стопи, туку да го оставаме на собна температура дури и цело попладне ако е потребно. – додава пронаоѓачот. 

Овој генијален пронајдок, кој е наречен Каназава сладолед, прво се појавил во градот Каназава според кој и го добил името, оваа пролет, но сега се продава и во продавници во Осака и Токио.  

А.М.