На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.М. во Македонија за првпат престојува продукциска екипа која треба да израбори репортажа што ќе се емитува на националната телевизија на Јапонија.  Целта е преку тв репортажа за Македонија и посебно за Охрид да се промовираат природните убавини на земјата а посебно културниот туризам пред јапонската јавност.


 
Екипата на продукциската куќа „Боа“ од Токио веќе 5 дена престојува во Охрид и во фокусот на нивнот внимание е културното богатство на нашата земја. За главниот продуцентТаицуке Јамамото Охрид е целосно откритие и е воодушевен од убавините на нашата земја.


   
На покана на Агенцијата за туризам во Македонија во претходниот месец престојуваа тв екипи од национални телевизии од Германија и национална телевизија на Турција кои преку тв репортажи ги промовираат туристичките вредности и природните убавини на Македонија.

Ohridnews