Јапонската пивара САПОРО направила пиво од јачмен одгледан на вселенска станица. Овој “вонземјански“ пијалок ќе можат да го пробаат само ретки среќници кои ќе бидат извлечени на лотарија.

Првото “вселенско пиво“ е резултат на петмесечна мисија во која одгледувале јачмен во руската лабораторија на Меѓународната вселенска станица. Од така добиениот јачмен се направени околу 100 литри пиво.


Со лотарија ќе бидат избрани 30 луѓе кои ќе имаат среќа да го пробаат ова пиво.

Покрај  јачменот, на Меѓународната вселенска станица се одгледувале и пченица, салати и грашок, а во иднина се планира да се одгледува и компир.