Водената стихија уништила повеќе бродови, а штета се проценува на повеќе милиони долари.
Вечерва Јапонија ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер, но засега нема информации за евентуални последици.
Оваа островска земја денеска ја погодија два силни земјотреси со јачина од 8,9 и 7,9 степени според Рихтер, кои предизвика цунами бранови високи 10 метри. Во една од најголемите природни катастрофи во Јапонија животот го загубија над 1000 луѓе, но се стравува дека бројот на жртвите ќе расте затоа што десетици илјади лица се водат за исчезнати.