После повеќе години минати во сенка, како дома така и во странство, јапонските производители на виски почнаа да ги зголемуваат производствените капацитети, бидејќи нивниот производ станува сериозен конкурент на шкотските и ирските брендови. Најголем раст на извозот бележат јапонската компанија „Ника“, во соспственост на „Асаши груп холдингс“ и компанијата „сантори холдингс“, кои во својата дестилерија „Јамазаки“ прв пат во последниве 45 години го зголемиле производството поради силното закрепнување на продажбата во Јапонија во однос на долготрајниот пад на прометот, пренесува Ројтерс.
Извесен рој луѓе, меѓутоа, се загрижени дека во овој ентузијазам околу вискито би можело да дојде до пресврт, како што било во деведесеттите години од минатиот век, кога неколку мали производители на виски биле приморани да ги затворат своите врати, бидејќи јапонците се преориентирале на пиво, жестоки пијалоци и увозен ликер. Падот на побарувачката во деведесеттите години предизвикал „Сантори“ и „Ника“ да го намалат производството, што дестилериите ги оставило со недостаток на залихи на „сингл молт“ виски кога тој пијалок во 2008 година повторно добил на популарност.