Во тек е царинската процедура, а црешите ќе пристигнат од Бугарија каде минале неколку месеци во адаптација. Садниците како што не информираа од локалната самоуправа, веќе достигнале височина од 1 – 1,5 метри, а по пристигнувањето во Охрид ќе минат уште неколку месеци во адаптација на климата и почвата. Се очекува тие да бидат засадени на почетокот од идната пролет.
Јапонските цреши во земјата на изгрејсонцето се на рамниште на национален симбол, а Охрид ќе биде еден од ретките градови во Европа кој ќе може да се пофали со авении украсени со ова прекрасно дрво.
Донацијата е вредна околу 20 илјади евра.