Охрид како туристичка дестинација со своите природни убавини и културно наследство е тема на која деновиве пишуваат повеќе јапонски дневни весници и магазини. Репоража за Охрид е објавена во весник со тираж од 5 милиони примероци, информира одделението за односи со јавност при локалната самоуправа.

Во прилог на афирмацијата на Охрид и Македонија зборува и репортажата во часописот на „Сока Гокаи“ Фондацијата посветена на Светската конференција за цивилизациски и меѓурелигиски дијалог што на крајот на Октомври се одржа во Охрид.

Интересот на јапонците за Охрид се зголеми по доделувањето на Светската награда за хуманизам на големиот јапонски филозоф и хуманист, Даисаку Икеда, во 2007 година, кога делегација на Охридската академија на хуманизамот и општината го посети Токио. И тогаш Охрид осамна во јапонските весници, а статија за македонскиот туристички бисер тогаш објави високотиражниот „”Сеико Шимбун”.


Охрид интересен за Јапонија

ohridnews