Јапонски тинејџер кој во еден бар глумел богат заводник, на пијалок потрошил околу 3000 долари, по што одбил да ја плати сметката. 16 – годишникот со својот изглед успеал да ги излаже конобарите и нарачал две шишиња шампањ – Дом Перињон, шеесет чаши виски и разни коктели.
И тоа не му било доволно, па се качил на сцената за да испее две песни со хостесите на караоке. По забавата, персоналот го замолил да ја плати сметката но тој одбил, едноставно велејќи дека нема пари.
Од барот повикале полиција, па итриот 16- годишник набрзо е уапсен. Конобарите биле изненадени затоа што мислеле дека е барем 10 години постар, а делувал и прилично „искусно“ додека нарачувал скапи пијалоци.
„Беше лежерно облечен, и изгледаше како некој млад богаташ. Навистина не ни помисливме дека може да биде помлад од 25 години“ – рекол еден од работниците во барот.
Во Јапонија е забрането точење алкохол за помлади од 20 години.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com