Заштита за компјутерите од вируси и други “напасти“ во технолошки напредната Јапонија веќе не нудат само програмерите, туку и боговите.

Од неодамна верниците можат да ги донесат компјутерите во токискиот шинтоистички храм, каде свештениците ќе им се помолат на боговите за нивна заштита, изјавил портпаролот на храмот.

Храмот се наоѓа во информатичкиот центар во Акихабара, инаку омилено место на љубителите на најновите електронски “играчки“.


Услугите кои се нудат во храмот се доста популарни помеѓу информатичарите во јапонскиот главен град.

Шинтоистичките храмови им нудат заштита на верниците во текот на целиот нивни живот и не е невообичаено свештениците со мала надокнада да изведувааат обреди на чистење и заштита на луѓето, но и на предмети, од куќи до нови автомобили.