Претставници на Јапонската владина организација за надворешна трговија , со седиште во Виена, денеска беа примени од градоначалникот Никола Бакрачески. На средбата, беше презентирана технологијата на компанијата „Секи Суи Хемикал“ за изградба и одржување на колекторски системи.
Претставникот на ЈЕТРО за Балканот, Хиро Фуми Оно истакна дека Јапонската Влада е подготвена преку свои компании да инвестира во вакви системи, со претходно изработена физибилити студија. Тој подвлече, дека наскоро се очекува од Јапонската агенција за меѓународна соработка да бидат објавени резултатите од студијата за колекторскиот систем на Охридското езеро, по што ќе може поконкретно да се зборува за реализација на проектот за ревитализација и доградба на истиот.
Градоначалникот Никола Бакрачески искажа благодарност кон јапонските експерти кои ја презентираа технологијата на престижната компанија „Секи Суи Хемикал“ и истакна дека за Охрид од големо значење е зачувувањето на Охридското езеро и природните богатства.
Со оглед дека веќе се остварени контакти на владино ниво помеѓу Македонија и Јапонија за економска и техничка соработка, се очекува наскоро проектотот да биде финализиран.
OhridNews