Јапонската компанија Маеда побарала од своите 2.700 вработени да направат исти фризури. Целата работа е бидејќи со кратките фризури може да се заштеди енергија и да се намали проблемот со неодамнешната хаварија на електраната Фукушима.

Градежната фирма смета дека препорачаните фризури се подобри за енергетско штедење бидејќи кратката коса побрзо се суши и бара помалку вода за миење.

„Нашата компанија е сериозна во своите намери да ја заштити околината, па затоа ги поттикнавме нашите вработени така да се однесуваат. Сеуште не сме сигурни во податоците кои до сега ги имаме собрано, но веруваме дека луѓето кои имаат пократки коси трошат помалку струја и вода“, вели потпаролот на фирмата Маеда, и додава дека тие кои ќе се ишишаат ќе можат подобро да си ја поправат фризурата по целодневното носење на заштитните шлемови.