Една јапонка примила признание и сертификат од Гинисовата книга на рекорди дека е најстара жена на светот со 114 години, иако веќе следната седмица ќе наполни 115. Мисао Окава рекла дека е многу среќна поради признанието. Откако го изела своето омилено суши, малку дремнала седејќи во својата количка, покрај тригодишниот правнук, Хибики Окава. Меѓутоа, брзо се расонила за да разговара со новинарите. Запрашана да ја открие тајната на долговечноста, таа рекла дека луѓето треба да се чуваат од болести. Ова признание е добар подарок за неа, бидејќи следната седмица ќе наполни 115 години. Според Геонтолошкиот институт, кој ги потврдува годините за Гинис, Окава била родена на 5 март 1898 година. Таа живеела во старечки дом во Осака. Управничката на домот Томохидо Окада рекла дека старицата јаде се што ќе посака.

Според Гинис, најстар човек на светот е 115 години стариот Џироемон Кимура, кој исто така живее во Јапонија. Јапонија има најголем број на лица со над сто години, или вкупно нешто повеќе од 51 илјада, според податоците на владата. Повеќе од 87 проценти се жени. Окава се омажила во 1919 година за Јуки и со него имала три деца, две ќерки и еден син. Таа сега имала четири внуци и шет правнуци. Нејзиниот син кој има 90 години, Хироши, рекол дека ги наследил мајчините гени, но сепак се сомневал дека ќе ја доживее нејзината старост.