Јапонските медиуми известиле за една јапонка на возраст од 91 година која успешно матурирала во едно вечерно училиште на југот од Јапонија. Училиштето било наменето за луѓе кои поради отежнати околности не успеале да стекнат средно образование. Во раното детство останала без родители, па морала да започне да работи уште на 12 години.
Се омажила на возраст од 18 години, а сопругот и бил убиен во Втората Светска Војна. По повторната венчавка, куќата и била срушена во земјотресот во 2007 година. Вели дека училиштето ја вратило во младоста. Со тоа добила назад се што изгубила.