Владата на Јапонија разгледува план за преселување на жителите од крајбрежните региони во североисточниот дел на осторвот Хоншу, кои беа опустошени од земјотрeсот и ударот на цунамито на 11 март.

Владата најави дека ќе купи земјиште и ќе изгради нови населби за жителите чии домови беа разурнати при елементарната непогода, но нема намера да ги присилува луѓето да се преселат,  стравувајќи од активен отпор и револт.

Во земјотресот и цунамито што ја погодија Јапонија минатиот месец, според најновите податоци на јапонската полиција, загинале 12.009 лица, а 15.472 и натаму се водат како исчезнати.

Состојбата сеуште е критична во областа Фукушима, каде истекува радијација од оштетените нуклеарни централи.

OhridNews