Медузи големи скоро два метри и тешки преку 200 килограми, наречени Номура, му приоѓаат на Јапонското крајбрежје. Ги трујат останатите риби, а можат и да прободат човек. За Јапонија, која најголемиот дел од својот буџет го полни со ловењето риба, инвазијата од медузи звучи како најголем кошмар.


Некои рибари веќе банкротирале, а на некои уловот им паднал за 80 %. Научниците велат дека миграцијата на медузите е предизвикана од затоплувањето на океаните, прекумерниот улов на риба и загадената вода.