Јапонецот Хироши Нохара стана своевидна ѕвезда во Мексико, откако одлучил да остане да живее на терминалот 1 на мексиканскиот меѓународен аеродром “Benito Juarez”. Нохара на аеродромот пристигнал на 2 септември и одлучил таму да остане.

„Не можам да сфатам зошто сум овде. Немам никаква причина“ – вели Нохара, кој инаку живее во Токио.


Бидејќи има валидни документи, властите не можат да го протераат од аеродромот. Нохара спие на клупите, а преживува со храната што му ја даваат минувачите во замена за фотографија или автограм. Тој во Мексико може да остане до март кога му истекува визата. Стана славен бидејќи телевизиските екипи редовно снимаат прилози за него.

Но, после три месеци преживување на аеродромот, некои патници се жалат на неговиот мирис. Имено, Нохара веќе три месеци не се искапил ниту ги испрал алиштата.