65 годишен јапонец го заврши својот 52 маратон во 52 дена, и овој успех ќе го пријави во Гинисовата книга на рекорди.

Акинори Кусуда го крунисал својот потфат со маратонот во Токио. Тој успеал да го собори досегашниот рекорд, кој изнесувал 51 маратон во 51 ден.


„Многу сум среќен. Сфатив дека човек може да направи големи работи“ – рекол Кусуда.

Кусуда и неговите навивачи ќе го пријават овој потфат во Гинисовата книга на рекорди.