Пензиониранот учител од Јапонија, Сакари Момои, кој има 111 години и ја сака поезијата, официјално станал најстариот маж на светот. Момои, кој е роден во 1903 година во префектурата Фукушима, како најстар го признала Гинисовата книга на светски рекорди.

Неговиот претходник, Александер Имиц од Њујорк почина во април оваа година кога има 111 години и 164 дена. Најстарата жена на светот, воедно и најстар човек, е исто така од Јапонија. Тоа е Мисао Окава од Осака, која има 116 години. Сакари Моми ужива во книжевноста, а посебно ја сака кинеската поезија. Има пет деца и живее во старечки дом во Токио.