Полицијата во Јапонија уапсила маж осомничен за убиство и касапење на 22 годишна девојка. Имено, полицијата до страотното откривање на жртвата дошла кога во предградието на Токио осомничениот 48 годишник Хироши Нозаки се обидел да изврши самоубиство со сечење на вените.

Полицијата кај него пронашла порака и клуч од шкаф за багаж, во кој е пронајден ковчег со десет вреќи во кои имало делови од тело од женска особа. Полицијата не ја нашла главата на жртвата, но се сомнева дека жртвата е 22 годишната Хонифејт Ратила Камиосава.


Приватната станица Асахи објавила дека Нозаки жртвата ја искасапил на делови во својот тоалет, а потоа тие делови ги испрал во машина за перење алишта, за да ги олесни и да ја прикрие точната причина на смртта.

Од известувањата се гледа дека 48 годишниот Нозаки веќе има отслужено една затворска казна поради сличен случај, кога во 2000 година го унаказил телото на една филипинска хостеса. Тогаш монструмот го запалил нејзиното тело, а деловите ги пуштил низ канализација. Причината за нејзината смрт никогаш не е утврдена, па затоа Нозаки бил осуден на само три и пол години поради унаказување на телото.