Јаневски секако дека е задоволен од играта во првиот дел во кој бевме во најмала рака рамноправни.
– Играта во првиот дел беше рамноправна, ние имавме две прилики, додека во второто Хрватска почна да паѓа, ја загуби публиката, но ние ги вративме во живот – посочи Јаневски.
Голот го примивме по наша грешка, а после него немаше никаков фудбал и публиката не можеше да биде задоволна, смета Јаневски.
– Не видов голема разлика меѓу Хрватска и Македонија, барем според онаа која е на ФИФА рејтингот. – заврши Јаневски, кој денес патува во Глазгов, на лице место да го следи дуелот Шкотска – Србија.