– Горд сум на моите избраници како го одиграа натпреварот со Белгија. Во првите 20 минути доминиравме пропуштивме неколку шанси за погодок, по што беше јасно дека ќе не казнат – потенцираше Јаневски.
За двата гола кои ги прими голманот Томе Пачовски, виновник беше левиот бек Александар Лазевски, но селекторот Јаневски го одбрани и посочи дека таков е фудбалот, мора да се згреши за да се прими гол.
Од другата страна првиот човек на стручниот штаб од Белгија, Марк Вилмотс на стартот од мечот стравувал од налетети на македонска репрезентација.
– Македонија тргна офанзивно уште од првиот свиреж на судијата. Нашиот голман беше на посакуваното ниво и успеа да ги одбрани ударите и да внесе самодоверба во составот. На средината од првиот дел се консолидиравме постигнавме погодок, а потоа беше полесно да се игра – рече Вилмотс.
Селекциите на Белгија и Македонија во вторник ќе одиграат уште еден натпревар во рамките од мундијалски квалификации, но сега домаќин во Брисел ќе биде репрезентација на Белгија.