Ваквата ситуација во селекцијата го примораа селекторот да повикува нови фудбалери. На списокот се најдоа Остоја Степановиќ, фудбалерот на Металург, Благоја Љамчевски и Даниел Иваноски од Малме.
Од составот за контролните натпревари со Шведска и Норвешка поодамна отпадна Пандев, Богатинов, Демири и Георгиевски, а селекторот Јаневски одмор им даде на Ибраими, Новески, Шиков и Тасевски затоа што имаа напорни сезони во своите клубови.
Александар Лазевски се повреди на дуелото швеѓаните, а Ристовски и Трајковски им се приклучија на селекцијата до 21 година за стартот на квалифицискиот циклус.
Селекцијата на Македонија на пријателскиот натпревар со „студените“ норвежани ќе ја предводат Тричковски, Шумуликоски, Грначаров и голманот Пачовски.