Селекторот на македонската репрезентација Чедомир Јаневски со пораз од Хрватска ја започна одисејата на жешкото столче. Следен противник на Македонија во групата А е Шкотска која на премиерата на домашен терен ремизираше без голови со Србија 0-0.

– Првото полувреме против хрватите беше слика како се игра тимски. Потоа почнавме да се потпираме на индивидуалните квалитети на поедини фудбалери во репрезентацијата. Селекцијата на Шкотска можеби не е поквалитетна од репрезентацијата на Хрватска но играат со срце за својата земја – посочи Јаневски.

Јаневски имаше можност во живо да гледа мечот на шкотите против Србија. Се надеваме дека селекторот на Македонија ги виде слабостите на селекцијата на Шкотска, а Пандев и неговите соиграчи максимално ќе го искористат.

– Од мечот што можев да го погледнам со Србија најсилен в печаток ми оставија 50 000 навивачи на шкотската селекција. Шкотите негуваат агресивен фудбал, со премногу притисок и безкомпромисни стартови. Наша задача е ова да го неутрализираме и да ја играме нашата игра. Скоро сите фудбалери ги анализирав, главен фудбалер им е Чарли Адам но и за него ќе најдеме решение и непоразени да се вратиме од Глазгов – заврши селекторот Јаневски.

Мечот од второто коло помеѓу Шкотска и Македонија се игра во вторник со почеток во 20 : 00 часот.

Мх.П.