Македонскиот фудбалски тренер Чеде Јанески поднесе оставка на кормилото на белградската Црвена Ѕвезда.

Јаневски во текот на вчерашниот ден потпиша спогодобен раскин на договорот и во пресрет на тренингот им ја соопштил таа одлука на играчите и своите соработници.

Претходно српските медиуми “Прес” и “Спорт” објавија дека македонецот не сакал да си замине поради ќарот од оштетата.

– Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски, разочаран од начинот на лажните пишувања не е спремен понатаму да ја води екипата и во сооднос со тоа, своеволно го раскина договорот – стои во соопштението на Црвена Ѕвезда.

До крајот на сезоната досегашниот помошник на Јаневски, Синиша Гогиќ ќе ја води екипата.

ohridnews