Наследникот на Џон Тошак на македонска селекторска клупа Чедомир Јаневски ќе има пеколно деби на стадионот “Максимир“ против селекцијата на Хрватска. Долго посакуваниот селектор на македонската јавност и љубителите на фудбалот конечно седна на клупата, па сега на него е редот да докаже зошто беше наш фаворит за жешкото столче.

– Пред нас е нов циклус, од кој се надевам дека ќе извлечеме само позитивни работи. Нам сега ни преостанува добро да се подготвиме за престојните два натпревари и да одиграме максимално ангажирано и борбено за националниот грб – посочи Јаневски.

Иако неговиот претходникот Тошак на голема врата највуваше пласман на завршницата на СП, засега Јаневски не ги открива неговите амбиции. Смета дека стартот на квалификациите е мошне важен за секоја репрезентацијата и посакува позитивен резултат на “Максимир“.

– Ако ме прашате што е позитивен резултат тоа е победа или реми. Дополнително ќе ја анилизираме играта на Хрватска, и ќе ги препознаеме нивните слабости кои ќе знаеме како да ги искористиме – заврши Јаневски поранешниот “шеф“ на Црвена Ѕвезда и Бриж.

Фото : “Екипа.мк“
Мх.П.