– Им честитам на репрезентативците за добрата престава, а сакам да им се заблогадарам и на навивачите кои дојдоа да ни дадат поддршка на денешниот натпревар. Пред почетокот на мечот се плашев бидејќи голем дел од фудбалерите сеуште не се во полн погон со клубовите, но на теренот тие ме дементираа и одиграа фантастичен натпревар – рече селекторот, Чедомир Јаневски.
Головите “црвено жолтите“ ги постигнаа за период од 17 минути. Прв мрежата на данците ја погоди капитенот Пандев, потоа Ибраими, а точка на победата стави Новески.
– Ова е најдоброто полувреме на македонската селекција што го одиграла во изманатиов период. Фудбалерите одиграа на високо ниво на технички и на тактички план затоа стигнавме до победа на мечот со Данска – потенцираше Јаневски.
Покрај триумфот над данската репрезентација, селекторот Јаневски повикува да не се крева еуфорија во селекецијата пред квалификациските мечеви со Белгија за мундијалот во Бразил.
– Овој триумф не треба да не понесе и да летаме високо, напротив, треба да стоиме црвсто на земја и да ја повториме играта против Белгија. Тогаш ќе немаме толку време да се воигруваме затоа ќе мораат репрезентативците напорно да работат во клубовите за да можат да го издржат ова темпо – заврши Јаневски.