“Не гледам проблем што Пандев сега не е со тимот, убеден сум дека тој ќе нѐ бодри преку ТВ од Италија“ – рече селекторот Чедомир Јаневски на пресконференцијата на прашањето зошто капитенот си заминал за Италија и не е со тимот.

Пандев заработи жолт картон во финишот од мечот против Хрватска, што значеше суспензија бидејќи претходо имаше еден жолт картон од мечот со Шкотска.

– Пандев и првиот жолт картон, оној против Шкотска го доби за да зашити свој соиграч. Тоа е задача на капитенот – да го праша судијата за секоја спорна ситација, да реагира, да направи притисок. Желбата кај него беше да израмниме со Хрватска, особено кога ги притиснавме во последните 10 минути од мечот. Хрватите тогаш одолговлекуваа, Пандев само побара од судијата да се игра побрзо. Ако приметивте, судијата посегна по картон и кога беше спорната ситација околу пеналот. – рече Јаневски.

Потегот на Пандев ја подели македонската јавност, која на социјалните мрежи жестоко дебатираше за неговиот картон. Некои го сметаат овој потег како оправдан “бидејќи Пандев немал со кого да игра во репрезентацијта и немал зошто да се замара“, додека други се чувстуваат изневерени од односот на капитенот на селекција, кој го става клубот пред репрезентацијата.

Ohridnews