„Добредојде дома Чеде, тука е твоето место“.Престедателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски истакна дека Јаневски е вистинскиот човек за македонскиот репрезентативен тим. „ФФМ има стратегија и цели и затоа ќе го прифатиме со широко раширени раце. Му посакувам успех и заеднички да се радуваме на идните успеси на македонската репрезентација”-го изрази задоволството првиот човек на ФФМ.
Директорот на репрезентацијата Петар Милошевски ја потврди поддршката за новиот селектор: „ Ние ќе му бидеме десна рака и ќе му помагаме да го пренесе своето искуство не само во репрезентацијата туку и за вкупниот развој на мак-фудбалот. До стартот на квалификациите има уште две недели и затоа сите заедно треба да дејствуваме брзо за да го подигнеме рејтингот на македонскиот фудбал.
Селекторот Јаневски пред новинарите не сакаше да го прогнозира пласманот во квалификациската група, но најави дека има победнички менталитет, дека е добро што голем број од играчите играат во странство и според него тие знаат како треба да се подготват за репрезентативните настапи. – Ги следев последните три натпревари на македонската репрезентација и мислам дека би вклучил за следните два квалификациски дуели со Хрватска и Шкотска уште 2-3 играчи. Времето е кратко но ќе подготвиме соодветна тактика и најважно за мене ќе биде играчите да го одиграат она што ќе го барам од нив и за што ќе се договориме. Сите натпревари се важни и затоа сметам дека не е хендикеп што првите две средби ги играме во гости бидејќи 5 пати ќе гостуваме и исто толку пати ќе бидеме домаќини. На секој натпревар ќе одиме на победа. Работев во Белгија и Србија и тоа ќе ми помогне да направам што подобар скаутинг на овие селекции бидејќи против дел од играчите сум играл како тренер на Бриж и Црвена Звезда-рече Јаневски кој најави дека за неколку дена ќе ги соопшти и имињата на своите соработници во Стручниот штаб за кои рече дека мора да го исполнуваат спортскиот критериум.
На прес конференцијата присуствуваше и новиот генерален секретар на ФФМ, Димитар Зисовски кој истакна дека секретаријатот ќе биде сервис на крајните потрошители, а тоа се репрезентативните селекции, клубовите, фудбалерите и дека ФФМ своите активности ќе ги извршува на највисоко професионално ниво.
По успешно реализирани три изданија на ракометниот камп „40х20“, во балканскиот бисер Охрид, организаторот на кампот, агенцијата КМГ Спорт, ги стартува подготовките и го најавува четвртото издание ...
Одиграно второто коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати Моментална табела после второ коло Пи...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 20-то коло од Втората македонска фудбалска лига викендов гостуваа на Башкими Натпреварот се игра утре со почеток во 14 часот на стадионот во Куманово OhridNews...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.